Секоја голтка од највкусното вино секогаш знае како да ја разбуди страста за животот, а неговиот раскошен и богат мирис ги буди сите сетила за вистинско уживање.
А виното „Аура“ на винарската визба Стоби е токму тоа вино. Дел од последната серија од шест премиум вина од серијата “Private Reserve”, „Аура“ е вистински избор за сите оние кои знаат да ги почитуваат вистинските вредности на виното.
Како и остантите пет вина од оваа серија, „Аура“ лесно ќе го препознаете по елегантните шишиња и комбинацијата од црна и сребрена боја кои освен елегантноста го потенцираат и филигранското внимание кое му е посветено на секое шише.