Преку 250 етикети на вино од 30 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на третиот по ред Скопски вински салон – „Винодонија 2018“ што ќе се одржи денеска и утре (23 и 24 ноември) во Хотел Мериот во Скопје.
Настанот е организиран од Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла, како и едукативни работилници и предавања кои ќе бидат одржани од домашни и странски предавачи, спарување на вино и храна, ексклузивна гала вечера и сл.
-Скопски вински салон – Винодонија 2018 е клучниот момент за препознавање на Македонија како вински регион. Винодонија овозможува соодветно претставување на виното на еден елегантен и културен начин на кој што се промовира трудот на винариите и нивните вински приказни. Самиот формат на настанот нуди можност во една пријатна атмосфера да се научи и дознае нешто повеќе за виното директно од неговите создавачи, а преку тоа се развива винската култура и перцепција кај нас винските љубители, вели Александар Вучковски, директор на Винодонија.
-Наравивме селекција на квалитетни брендови од месната, млечната и пекарската индустрија кои ќе ги понудат своите производи на дегустација и со тоа ќе го комплетираат виното во комплетно ено-гастрономско уживање, вели Дејан Донев, проект менаџер на Винодонија.
Дегустацијата и двата дена е од 13 до 19 часот.
Екипата на vinotika.mk веќе е во хотелот Мериот од каде ќе известува за сите случувања на Винодонија.