Во организација на Здружението на граѓани „Волимо Јастребац“, во саботата, 1 декември во Прокупље, Србија, се оддржа земјоделско-туристичката манифестација „Денови на прокупецот“.
Посетителите на оваа манифестација имаа можност да се запознаат со винариите од Топлице, карактеристиките на различните вина, особено на прокупецот.
Дополнително тие имаа можност да дегустираат вина од автохтоната сорта Прокупец, да ја погледнат изложбата посветена токму на оваа сорта грозје, да ја посетат винаријата „Доја“ која е еден од главните спонзори за оддржувањето на првите денови на Прокупецот.