Италија произведува најмногу, а американците се рекордери во пиење пенливи вина

Три земји доминираат во производството на пенливо вино во Европа. Очекувано, тоа се Италија, Франција и Шпанија. Како традиционални дестинации за вино, тие флашираа 734 милиони литри со вкупно производство од 809 милиони литри пенливо вино во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат.

Од количините произведени минатата година, 61 отсто е извезено во Европа, а остатокот е продаден главно во САД.

Традиционалниот божиќен и новогодишен алкохолен пијалак најмногу се произведува во земји кои имаат традиции за лозарство и производство на вино. Италија е апсолутен лидер со извоз од 367 милиони литри во 2017 година, или 45 отсто од вкупниот извоз. Франција и Шпанија следат со 184 и 183 милиони литри, соодветно. Економскиот тигар на Европа, Германија, придонесува само со 31 милион литри извоз, а Летонија изненадувачки успева да флашира и продава 10 милиони литри.

Најголеми фанови на европското вино со меурчиња се Американците, кои испиле 127 милиони литри или 40 отсто од европскиот извоз. Следат Русија и Јапонија, Швајцарија, Канада и Австралија.

Европа е и увозник на странски вина. Според статистичките податоци, Австралија е на прво место со извоз на 1,9 милиони литри пенливо вино во ЕУ, по што следат Чиле, Нов Зеланд и Аргентина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *