Ниските јануарски температури нема да влијаат врз лозовите насади

Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз лозовите насади, ниту пак кон останатите земјоделските култури, уверуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Со оглед на фактот дека режењето на виновата лоза не е изведено, доколку се случи понатамошен пад на температурите, евентуалните измрзнати ластари во наредниот период би се корегирале со самото кроење. Опасноста кај овошките е уште помала заради поголемата издржливост“, велат од МЗШВ.

Од таму додаваат дека временските услови и температури се вообичаени за овој дел од годината, но, истакнуваат од Министерството, ќе ја следат состојбата и доколку се случат евентуални штети навреме ќе реагираат со соодветни мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *