Во духот на традицијата, со староградска песна, греана ракија, вино и зимско капење, на празникот Св. Јован, охриѓани го одбележаа Денот на рибарите. Капачите ги предводеше тајфата на фаќачот на крстот на која и се придружија голем број охриѓани, меѓу кои беше и првиот човек на градот.
И оваа година изостана пливањето по буриња со вино, но затоа се готвеше вкусна рибна чорба. Професорите и учениците од средното угостителско училиште Ванчо Питошески подготвија тон и пол или околу 5000 порции вкусна рибина чорба, која годинава наместо од пастрмка, беше направена од морските риби лосос и ослич.
Традиционално дел од чорбата волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ја поделат на социјално загрозени семејствата, како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на настанот.