Неделите се секогаш убав повод за вкусен семеен ручек. А ако денес немате идеа што би им зготвиле на Вашите најмили, еве Ви еден наш предлог кој се разбира се подготвува со вино.
За истиот ви се потребни
4 кременадли јунешко месо
350 мл црвено вино
700 мл говедска супа од коцка
4 главици кромид
300 г моркови
150 г брашно
50 г путер
3 чешниња лук
2-3 ловорови листови
масло, сол и мелен црн пипер
Кременадлите зачинете ги и набрашнете ги од двете страни. Испржете ги на загреана мешавина од растопен путер и масло во тава на оган.
Во тава за печење ставете го исечканиот лук и наредете ги кремендлите. Додадете ги морковите и кромидот исечени на поголеми парчиња. Ставете ја тавата на оган и додадете го виното. Откако алкохолот ќе испари посолете и наросете црн пипер. Додадете ги супата од коцка и ловоровите листови. Покријте ја тавата со капак и динстајте 90 минути на тивок оган.
Потоа ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на 200 степени.
Послужете со врвниот Фаворит на ВВМ „ГД-Тиквеш“.