Ако веќе сте ги изгустирале винските пејсажи на Тоскана, сте уживале во винариите распослани насекаде низ околината на Бордо, или пак сакате нешто поинакво од словенечката селска винска идила, овој хотел опкружен со најдобрите винарии во Јужна Африка е вистинско место за вас.
Кога станува збор за јужноафриканската винска земја, тешко дека ќе пронајдете место кое е повеќе фаворизирано од Le Quartier Francais. Овој бутик хотел веќе подолго време е фаворит на познати локални жители и туристи од целиот свет, благодарение на својата мала и шармантна колекција на соби, бајковита градина и лесниот пристап до главните винарски визби во овој регион.
Во текот на изминатите десет години, овој имот помина низ процес на суптилна трансформација, под будното око на „Lee Collection“, а сега се завршува и последната фаза, која траеше 18 месеци.
Овој имот и понатаму е тивок и ја содржи својата позната естетика со кремасти ѕидови, кои се нагласени со сина боја и свила. Иако во колекцијата се додадени пет соби, целиот имот и понатаму е интимен, а содржи вкупно 32 сместувачки единици за гости. Ако нас нè прашувате, од сите новитети, најпривлечни се двете приватни вили, а двете поседуваат околу 500 метри квадратни, содржат приватни базени и кујни, што ги прави идеални за семејства или за оние кои сакаат на одмор да се чувствуваат како дома.
Иако се сместени малку подалеку од остатокот на хотелот, вилите нудат лесен пристап до сè, по што всуност и е познато ова одморалиште. Малата куќичка е на мноу мала оддалеченост од перфектно уредената градина. Кога ќе стигнете до неа, таму ве очекува спа центар како оаза, со два ресторани.
Ако се заситите од истражувања на сериозни вина и дегустации, може деновите да ги поминете со посета на централниот дел на одморалиштето каде што се наоѓа хотелот, каде ќе се сретнете со врвни бутици и галерии, како и микро-пивари и слични интересни понуди.