“Bring Your Own Bottle” овој петок во Д Хаус

Едно сосема поинакво мартовско винско дружење по принципот “Bring Your Own Bottle” не очекува овој петок, 22 март во “The House – Д Хаус”. Главната идеа зад настанот е секој од гостите да сподели шише вино, кои потоа ќе бидат отворени и дегустирани за време на дружењето.
Партиципацијата освен шише вино чини 300 денари во кои е вклучено храна и Corkage Fee (надомест за вински сервис). Винското дружење ќе биде зачинето со селекција на одбрани деликатеси, сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи…
Покрај споделените вина, ќе имате можност да дегустирате и млади вина од 2018 берба од неколку македонски винарии.
Почетокот на настанот е во 20 часот, а повеќе информации можете да добиете на 070 223 887.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *