Позната програмата за годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер

На нешто помалку од два месеци пред почетокот на стопанско-туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ која ќе се оддржи од 6ти до 8ми септември, општина Кавадарци ја објави целосната програма, во која како што веќе најавивме, најголемото внимание ќе го привлечат концертите на Јелена Розга и Здравко Чолиќ, како и карневалот кој е предвиден за во недела, точно на пладне.

Свеченото отворање на манифестацијата е во петок, 6 септември со почеток од 12 часот на главната сцена која ќе биде поставена на градскиот плоштад, по што ќе започне дегустација и презентација на вина од присутните винарии, а учениците од професорите од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ ќе го претстават процесот на берба до создавање на вино и производи од грозје.

За во 13 часот е закажана трката на келнери која ќе се оддржи на улицата „Илинденска“, по што настаните се селат во малото паркче наспроти полицијата каде што од 14 до 19 и 30 часот ќе се пее староградска музика, како увертира на настапите на Трио Мањифико и Марјан Коцев и Галакси кои се закажани со почеток од 18, односно од 21 и 30 часот.

Marjan Kocev
Во 15 часот во спортската сала „Јасмин“ ќе биде отворен меморијалниот турнир „Сестри Китеви“, а во градската Музеј Галерија во 18 часот ќе биде отворена изложба на фотографии.
На градскиот плоштад забавата почнува во 21 часот со настапот на Таско, потоа ќе следи концертот на 2Бона, а последен во првата фестивалска вечер ќе настапи DJ Тони Зен.
Саботниот ден ќе започне со отворањето на изложбата на олд тајмери. Истата ќе се оддржи на градскиот плоштад со почеток од 10 часот. Во 11 часот во паркот наспроти полицијата ќе започне традиционалната Таблијада, а за во 13 часот е закажан стартот на Мото релито. Еден час подоцна низ градските улици ќе продефилираат и кавадаречките велосипедисти.

41307143_588662024883484_5308683503179661312_n

Во меѓувреме, во паркот наспроти полицијата повторно ќе се пее староградска песна, овој пат со Трио Гранде чиј настап е предвиден за во 15 часот, а во 17 часот ќе започне концертот на Класико Бенд. За во 18 часот во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ градоначалникот Јанчев ќе ги прими своите гости, кои ќе присуствуваат на Свечената седница по повод 7ми септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци. Забавата на градскиот плоштад ќе ја најави Наташа Малинкова чиј настап е закажан за во 21 часот и 30 минути, а веднаш по неа на сцената ќе се качи хрватската ѕвезда Јелена Розга. По нејзиниот концерт забавата ќе продолжи на градската костурница каде од 2 часот и 30 минути по полноќ ќе започнат настапите на DJ METODIJ HRISTOV, DJ Lako, DJ Power и DJ METHA MILL.

jelena rozga
Последниот фестивалски ден ќе започне точно на пладне со големиот вински карневал и забава за најмладите со жонглери и аниматори. Во 15 часот во малиот парк ќе настапат Дуо Форте и Александар Ангелов додека за во 17 часот е предвиден настапот на Де Капо.

41347785_589188941497459_1091834060201787392_n
Годинешното издание на манифестацијата Тиквешки гроздобер ќе заврши со концерт на балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ и традиционален огномет.
zdravko-colic

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *