Вистинскиот хотел за сите вљубеници во виното

Германскиот хотел „Schlafen im Weinfass“ (во превод „Спиење во бочва за вино“) е вистинско откритие за туристите во малото село Сасбававалден. На гостите им се нуди да престојуваат во едно од осумте буриња. И покрај нивната скромна големина, тие се опремени со сè што е потребно, а дури и сауната и џакузито се направени од буриња за вино.

Комплексот е во сопственост на семејството Диви. Тие имаат околу 6 хектари лозје и 1,5 хектари овоштарник. Гостите се служат само со вино, ракија и ликери од сопствено производство. Секоја соба се состои од две буриња, едното е спална, а другото дневна соба. Друга интересна работа е што појадокот да се сервира во кошници.

Цената на едно ноќевање е 168 евра.

1564748388_1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *