Летото е создадено за шетање, а ако патот Ве води на кај или низ Србија, тогаш освен традционалните српски деликатеси не пропуштајте да пробате едно од овие три бели вина кои се како создадени за деновите во кои температурата хронично стои во црвената зона.
Производството на вино во Србија во последната декада доживува вистинска ренесанса. Некои винарии создадоа магични рецепти за незаборавни вкусови, а меѓу нив секако е и винаријата „Лазар“. Лозовите насади под планината Јухор бараат многу труд и работа, но враќаат со перфектно грозје, особено шардоне. Затоа, ако налетате на шише Ластар Шардоне, не двоумете се ниту еден миг за да го пробате.
Толку уникатна по многу нешта, Шумадија е приказна за себе, исто како и нејзините вина кои имаат светска слава. Вината на винаријата „Александровиќ“ се симбол за беспрекорен квалитет, но едно нивно вино е како створено за овие жешки денови. Зборуваме за виното „Триумф Голд“. Фузијата од Совињон Блан, Пино Блан и Ризлинг за една секунда ќе Ви ги разлади непцата и ќе ви понуди незаборавно уживање.
Последното на оваа топ 3 листа српски вина е резервирано за виното „Мистерија“ на семејната винарија Киш. Од кога постои светот и векот, падините на Фрушка Гора ја носат хармонијата на добрите вина. Со боја на сонцето и интензивна арома збогатена со вкус на лимон и праска, виното „Мистерија“ ветува максимално разладување и расположение.
Автор: Душко Стефанов – Боемот