Затвореник во Германија бил уапсен истиот ден кога бил пуштен од затвор затоа што украл неколку шишиња шампањ.
Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж бил виден во петокот како зема неколку флаши шампањ од продавница.
Продавачот ја известил полицијата и пријавил кражба додека го следел осомничениот низ улицата, јави „АП“.
Поранешниот затвореник е уапсен со флашите, наведе полицијата која не го оставила да го прослави краткото излегување од затвор.
Со оглед на тоа што мажот бил фатен со нож во џебот, покрената е истрага за вооружан грабеж.