Заработете 550 евра возејќи се со јахта и дегустирајќи врвни хрватски вина и храна

Во потрага сте по Вашата работа од соништата. Ако да, тогаш ова дефинитивно е за Вас. Туристичката компанија „Круз Хрватска“ се разбира од Хрватска е во потрага по лице кое седум дена ќе плови со луксузна јахта по хрватската ривиера, ќе јаде највкусна хрватска храна и ќе наздравува со најдобрите хрватски вина, а за целиот свој труд ќе добие 500 фунти, односно речиси 550 евра.
Поточно, избраниот кандидат ќе патува седум дена со јахтата на компанијата од Сплит до Дубровник, истражувајќи ги крајбрежјето и далматинските острови, а притоа ќе ги посети фармите за остриги, како и некои од 800-те традиционални винарници каде што за време на вечерата ќе има можност да вкуси некои од најдобрите јадења во регионот.
Ќе биде вклучено и готвење од страна на локалните жители, при што готвачот ќе го научи кандидатот да ги приготвува најдобрите јадења што се пренесуваат низ генерации.
Освен јадењето, кандидатот ќе има можност да го посети националниот парк Крка, како и Хвар и Вис.
Критериумите за да аплицирате се прилично едноставни, односно освен да бидете полнолетни, треба да бидете заинтересирани за дегустација на храна и пијалак, да имате познавање за виното и вкусната храна за потоа да може да даде детална рецензија за менијата и екскурзиите.
Ако ова Ви звучи предизвикувачки можете да аплицирате веднаш преку следниот линк. Рокот за аплицирање завршува на 4 септември, а патувањето е закажано за 10 октомври 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *