Со изложбата на олдтајмери и традиционалниот турнир во табла кои веќе се во тек започна вториот гроздоберски ден кој ќе донесе многу настани на задоволство на сите кавадарчани и нивните гости кои од сите страни на земјата пристигнуваат во Кавадараци.
Во 13 часот ќе започне традиционалното мото рели, а во 14 часот ќе продефилираат кавадаречките велосипедисти. За сите оние кои сакаат еден поинаков ручек надвор од своите домови, може да уживаат во паркот наспроти полицијата каде за во 15 часот е закажан настапот на Трио Гранде, а за во 17 на сцената ќе се качат Класико Бенд.
Во 18 часот во Галеријата при Домот на културата градоначалникот Митко Јанчев ќе ги прими делегациите и гостите на гроздоберот, по што ќе започне и свечената седница на Советот на општина Кавадарци.
Забавата продолжува на градскиот плоштад во 20 часот со настапот на DJ Buli, во 21 ќе настапат легендарните Леб и Сол, веднаш по нив на сцената ќе се појави Антониа Гиговска, а за крај не очекува концертот на Јелена Розга.
За најупорните, забавата до утринските часови ќе продолжи на костурницата во градскиот парк каде што ќе настапат DJ Metodi Hristov, DJ Lako, DJ Power и DJ Metha Mill.