Роден е во Индонезија, растел во САД каде добива репутација на човек што може да ги најде најретките вина во светот, кои ги продава екстремно скапо. Или барем така мислеле сите, се додека не сватиле дека старите, скапи и ретки вина се само една обична лага.
Руди Курниаван е уапсен дека ги измамил некои од најголемите колекционери на вино во САД, продавајќи им го сопственото вино. Меѓу прелажаните е и еден од браќата Кох кој потрошил 2,1 милион долари за 219 шишиња вино купени од Курниаван.
Формулата на Курниаван била мешање на млади вина со постари француски вина од години со лоша берба. На шишињата ставал фалсификат етикети и потоа ги претставувал како најретките вина на Земјата. Кога овие вина ќе се појавиле на аукција тие постигнувале цена од неколку илјади долари за шише.
Но фактурите откриени кај Курниаван го откриле неговиот бизнис. Фактурите со нарачки за 904 шишиња вино од 70-те со цена од околу 60 долари, и тоа од години со „многу просечна или лоша” берба, стануваат предмет на сомневање на ЦИА, по што е откриена и целата измама со најславниот „лажго“ во светот на виното, кој патем доби 10 години затвор.