Нова, уникатна епизода на Winemaker Dinner Series, позната како вечер на гастрономско уживање со спарување на најдобрите македонски вина со соодветно мени од 5 оброци, во организација на Дистрик бар и ресторан. На оваа врвна вечер што ќе се одржи на 29 ноември (петок), со почеток во 21.00 часот, гостите ќе уживаат во тајните на виното и храната, водени од главниот готвач на Скопје Мериот хотел, Кирил Ставрев и искусните енолози на една од најпознатите македонски винарии со меѓународен успех – Винарија Камник.
Креативниот избор на специјалното мени составено од пет оброци од различни светски кујни, совршено комбинирани со секоја чаша вино, ќе го понуди главниот готвач Ставрев. „Предизвик е да се направи совршената комбинација од храната и виното, вкусови што одат точно заедно и се дополнуваат. Тајната на оваа комбинација е максимално отворање на вкусовите затоа што само едно вино одговара на извесен оброк и тоа се докажува така што виното ги поттикнува и интензивира вкусовите на послужената храна. Токму таа тајна ќе се обидеме да ја откриеме и со оваа, нова епизода на Winemaker Dinner Series во Дистрикт во соработка со Винарија Камник“, вели Кирил Ставрев, главен готвач на Скопје Мериот хотел.
Покрај препуштањето во храната и виното, гостите ќе имаат можност од искусните енолози на Камник и да научат како соодветно да изберат вино за одредено јадење. Винарија Камник за гостите на оваа вечер подготви и подарок составен од вино од голем, магнум формат и архивно вино од постара берба.
За уживањето да е уште поголемо и забавата загарантирана, ќе се погрижат и Cherry Jazz Band со својот музички перформанс во живо. Запознајте го вкусот на врвните вина од Македонија и исклучителното мени на Дистрикт и резервирајте на 071/238-522. Цената по лице од 1800 денари вклучува вечера со 5 јадења, а местата се ограничени.