Голманот на Мешков Брест сака да лови риба и да пие вино

Голманот на Мешков Брест и репрезентацијата на Белорусија, Иван Мацкевич имаше интересна изјава за медиумите во земјата. Тој говореше за атмосферата во Мешков и за тоа што би сакал да прави кога ќе заврши со активното играње ракомет.
„Брест е мојот дом, сè ми одговара овде. Ми се допаѓа односот во тимот особено помеѓу голманите. Ми се допаѓа околината и натправарите на домашен терен, а особено поддршката од публиката. Не сакав да заминам никаде, секако постои сон да играм во Германија или Франција, но не сакам да играм за тим кој е на 10. позиција иако во силен шампионат. Психолошки е тешко да се губи или да не играте во Лига на шампиони“, рече Мацкевич.

Тој го продолжи договорот со Мешков Брест и ќе остане уште најмалку две и пол години во клубот, веќе има и куќа во Брест, но има други планови за неговата иднина по завршување на играчката кариера.

„Следните две и пол години сигурно ќе останам во Брест. Сопругата ми е од тука и Брест е најпосакуван град во регионов. Убаво е да се шетате низ градот, можете да ловите риба, исто така и жителите се добри луѓе. Но не можам да кажам дека ќе останам тука, мене ме привлекуваат родните краеви. Кога ќе се пензионирам ќе се вратам во Лепел, мојот роден град ќе ловам риба и ќе пијам вино“, заврши Мацкевич.

Белорусинот е во Мешков Брест од 2017 година, а исто така е и дел од репрезентацијата на Белорусија.