Ресторанот Bern’s Steakhouse во Тампа на Флорида го поседува најскапиот вински подрум на светот. Во рамките на овој ресторан кој е отворен во 1956 година се чуваат околу 600 илјади шишиња со вино, што воедно претставува и најголема приватна колекција на вино.
На винската листа можат да се најдат француски црвени вина од времето на Депресијата, како и вина од пред Втората светска војна. Покрај одличното вино во овој ресторан се служи и одлична органски произведена храна.