Уживањето во чоколадата и виното може да биде врвно и неповториво искуство, доколку знаеме како да ги искомбинираме овие две слатки задоволства. Погрешно е мислењето дека со чоколадата се препорачуваат само десертни вина.
Исто како и кај комбинациите на виното со јадењата и за „бакнувањето“ на виното со чоколадата постојат неколку основни правила.
Основно правило е да го насочиме вниманието на вкусот и текстурата на виното и чоколадата – двете мораат да припаѓаат на иста категорија, односно кај виното мора да внимаваме на зрелоста, киселоста и танинот, додека кај чоколадата мора да се обрне внимание на содржината на какао, на кремастата текстура или на овошниот фил.
Второ правило е дека виното секогаш мора да биде барем малку послатко од чоколадата.
Трето правило, содржината на какао е појдовна точка која го одредува изборот на виното. Колку повеќе какао содржи еднa чоколаa толку подобро се бакнува со зрели и лесни црвени вина.
Кога ќе избереме добра комбинација на чоколада и вiно, компонентите во виното ќе бидат нагласени благодарение на карактеристиките на чоколадата, и обратно. И тогаш ваквата дегустација станува вистински празник за непцата.
Веста е позајмена од makmoda.com