Важи за еден од најубавите празници низ светот, во кој навистина речиси сите уживаат. Во последниве години и кај нас локалите се китат во име на љубовта па така ќе забележите срциња на сите страни. Нашиот став е дека треба да се сакате секој ден и да си подарувате кога најмалку очекува партнерот.
Најубавата комбинација е да наздравите во име на љубовта со чаша вино од нашите простори. Пред да се одлучите што ќе славите денес, прочитајте нешто повеќе за двата празници:
Зошто Св. Трифун и кој бил тој?
Кај православните Македонци во некои краишта како Охрид, Битола, Прилеп, празникот е познат како Трипун пијаница.
Според народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на градинарите и лозарите.
Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи, поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.
Според обичајот, рано наутро во црквата крштевале „Трипунска вода“ од која потоа земале во шишиња и ја чувале во текот на целата година за здравје.
Со оваа вода ги прскале лозјата и нивите за бериќет или во случаи кога ќе се појавела некоја болест по нивите.
По завршувањето на службата во црквата, целиот народ заедно со попот оделе во полето, каде што во некои лозја по читањето на молитвите попот го попрскува лозјето со светената вода и закројувал три лози, со благословот „Дај боже бериќет“, а пресечените лози ги потурале со вино и ракија.
Зошто Ден на вљубените и кој бил Св.Валентин?
Свети Валентин бил свештеник, кој служел во третиот век во Рим. Во тоа време императорот Клаудиј Втори одлучил дека мажите кои биле ергени, биле подобри верници од оние кои имале жена и семејство. Заради тоа го забранил бракот за мажите кои биле потенцијални војници.
Валентин сметајќи дека тој указ е неправилен му се спротивставил на императорот Клаудиј и продолжил да склучува тајни бракови на вљубените.
Кога императорот ги открил ваквите постапки на Валентин, дал наредба да го убијат. Валентин е погубен 269 година. Во 14-от век во Рим е изградена базилика во негова чест.
Свети Валентин, освен католичките верници, се почесто е причина за подарување, во знакот на љубовта кај младите луѓе.
Тоа излегува од рамките на симболиката и се повеќе добива комерцијална форма.
И додека прославата на Св. Трифун и Св. Валентин ги надминуваат религиозните граници, овој ден го објавува обновувањето на животот чиј основен двигател е љубовта.
Што ќе славите вие денес?
Позајмено од crnobelo.com/