…Од соништа до реалност…

…и дојде и тој ден кога ракометот му го отвори патот до франција. А токму таму, француските лозови насади до недоглед секогаш го потсетуваа на родното Кавадарци и на својата Македонија. За време на неговиот престој во земјата на најубавите пенливи вина, сонуваше дека еден ден ќе успее со своето семејство да остави белег во времето и да произведе вино од родот кој сеуште го дава дедовото лозје.

…од соништа до реалност…

Петар Ангелов – Диви денес е реализирана личност, почитуван и сакан татко и сопруг, врвен спортист и верен другар. Тој е миленик на публиката и секогаш добредојден во секое друштво.

Тајфата на Дивиот, како што милува да се нарекува неговата верна дружина, подаде рака неговите соништа да се претворат во реалност. И многу полека и скромно, и со почит кон автохтоната, наша станушина се роди првото шише, љубов преточена во вино. Ова е само почеток, искра од големиот пламен кој треба да се роди, ова е само експонат кој потсетува да не се застане, и да се продолжи по добро познатиот нерамен пат кон ѕвездите, затоа што и најдолгиот пат започнува со првиот чекор.

Искрено веруваме дека љубовта кон виното ќе ги победи сите препреки и искушенија и многу брзо ќе дојде денот кога вината испишани со златни букви „Петар Ангелов – Диви“ ќе бидат гордост на Македонија…
Наздравје и здравје да имате!!!

Душко Стефанов12769606_10201608744138524_507527258_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *