Односот помеѓу вас и вашиот партнер е совршен, но вие чувствувате потреба од нешто ново, нешто поразлично од она секојдневното. Сакате да го изненадите со нешто интересно и секси.
Поканете го вашиот партнер вечерва кај вас со изрека дека сакате да гледате филм. Сигурно на овие ниски температури нема да ја одбие вашата понуда. А, вие припремајте се за луда и незаборавна ноќ и изненадете го. Се прашувате како? Изберете секси долна облека од вашиот ормар, облечете подвезици и пуштете ја вашата коса малку подразбушавена. Отворете црвено вино и затемнете ги светлата. Облечете ја вашата секси долна облека пред да дојде партнерот и облечете бањарка. Вратата оставете ја отклучена и кажете му да влезе слободно, да не чека вие да му отворите. Кога ќе пристигне вашиот партнер ќе се изненади од виното и затемнетите светла. Во тој момент влезете и вие во собата, соблечете ја бањарката и пуштете се во акција без да кажете нешто и препуштете му се на уживањето. Вашиот партнер ќе биде повеќе од пријатно изненаден.