Македонија работи на препознатливоста на македонското вино на светските пазари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Љупчо Николовски учествува на годинешното вонредно генерално Собрание на Меѓународната организација за вино OIV , голема и афирмирана организација во светски рамки во која членуваат повеќе од 45 земји од светот.
На собранието денеска се избираше нов претседател и генерален директор на организацијата.

„Меѓународната организација за вино OIV дава голема поддршка за зголемување на препознатливоста на нашето вино на странските пазари. Членството во организацијата и правото на глас како држава, се важни за зајакнување на нашиот рејтинг како винска земја на светскиот пазар.“ – истакна Николовски.
Како министер заедно со делегатите од останатите држави, Николовски учествуваше во изборот на новиот претседател на организацијата, а избрана беше Regina Vanderlinde, од Бразил, која ќе има мандат во следните три години.

Членството овозможува следење на светските трендови во винарството од аспект на модернизирање на производството, следење на потребите на пазарот, како и зголемување на извозот на македонското вино.

„За нас како држава во која што винарството е стратешки извозна гранка, важно е да бидеме активен член на Меѓународната организација за вино, од аспект на унапредување на оваа гранка и отворање на нови пазари за македонското вино.“ – истакнува Николовски.
Зголемувањето на извозот на македонското вино е еден од приоритетите на МЗШВ, а Меѓународната организација за вино може да пружи голема поддршка во насока на зголемување на препознатливоста на македонското вино на странските пазари, сметаат одговорните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *