Тренд: Познатите брендираат вино

Иако се работи за вински брендови на избрани и мошне познати личности, вака брендираните пијалаци претставуваат едвај еден процент од вкупно продаваните вина. Но, и покрај тоа бргу се стекнуваат со неверојатна популарност и цена. Нивната потрошувачка расте по стапка од 20 отсто секоја година. Кога ќе се земе дека ваквите вина имаат и повисока цена, процентот и не e така безначаен како што се чини. Приближно 42 милиони евра се потрошени минатата година во САД за вина што носат име или потпис на некоја позната личност.
Водечки се секако вината на Френсис Форд Копола, режисерот на „Кум“, кој има позната винарија во долината Напа. Тука е и виното со името на Мајк Дитка, познат тренер на американскиот фудбал, како и на играчот на голф Грег Норман, а особено популарни станаа вината што ги носат имињата на актерката Марта Стјуарт и неодамна починатиот актер Пол Њумен.

137_3753
Откако светските ѕвезди ги позајмија своите имиња за разни парфеми, облека или за чевли, најдоа нова нишка па се насочија на пазарот на алкохолни пијалаци. И тоа не само за вина туку и за жестоки алкохолни пијалаци. Ова не е нешто многу ново ако се потсетиме дека легендарниот Орсон Велс уште пред неколку десетлетија рекламираше француски коњак, а тоа тогаш беше безмалку скандалозно.
Според некои сознанија, вакви алкохоли учествуваат со само 0,3 отсто во вкупниот промет или околу 7,5 милиони долари, но и нивната продажба расте по стапка од над 20 отсто годишно. Порастот на брендирани алкохоли е присутен веќе десет години (и покрај кризата).

ditka
Ѕвездите сé почесто ги позајмуваат своите имиња на вина од разни причини. Некои од нив имаат потврдена долгогодишна склоност кон овој пијалак, а некои пак гледаат продолжување на нивните веќе изградени лајфстајл-брендови и профили.
Најголемиот број вина со славни имиња се продаваат по цена од 12 до 15 американски долари, но сепак не по автоматизам. Педесет отсто од шишињата со славни имиња се продаваат благодарение на рекламирањето, потврдуваат истражувањата. Се заклучува дека потрошувачите побргу ќе платат поголема цена за некое славно вино, со славен промотор, отколку да купат поевтино, но обично вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *