ВВ „Гоце Делчев – Тиквеш“ – Создавањето одлични вина е уметност која почнува во лозјето

Уметноста за создавање на совршено добро вино кое ќе ги исполни очекувањата и ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите, започнува уште од лозовите насади. Ова е една од најважните водилки кон која се придржуваат сите вработени во винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“. Со прилагоден пристап во одгледувањето на винова лоза, што значи обезбедување со потребниот третман и нега соодветно на секоја парцела лозје, и во секој период од годината, лозовите насади за возврат го даваат најдоброто грозје, од кое понатаму се прават совршено добри вина.
Следејќи ги најновите светски трендови и иновации во светот на лозарството и винарството, винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ за обработка на повеќе од осумстотините хектари лозови насади, поделени во шест работни единици, Раец, Шамаци, Љубаш, Трстеник, Сува Гора и Возарци користи гроздоберачка со која винското грозје се бери во моментот кога ќе ја постигне својот максимум.
„Максимумот што досега сме го постигнале со новата гроздоберачка е 70 тони грозје за 8 часа, но очекувам дека ќе стигнеме и до 100 тони за 8 часа. Климатските промени и обилните врнежи последните три години ја отежнуваа бербата, но со машинската берба се обезбедува многу поголема ефикасност во бербата во оптималниот рок кога е постигната зрелоста на грозјето бидејќи со ненавремената берба и проблемите што потоа ги предизвикува дождот штетите можат да бидат многу поголеми“ – вели меѓу другото директорот на АД „Гоце Делчев-Тиквеш“, Ристо Милев.

На машинската берба на грозјето во земјоделското претпријатие „Гоце Делчев- Тиквеш“ му претходеше приспособување на лозовите насади со метални колци и со примена на посебни стандарди во подигањето на лозовите насади. Досега околу 300 хектари нов лозов насад се по новите стандарди и со метални колци во кои бербата на грозјето се одвива многу ефикасно, односно за само еден час се бере грозјето од еден хектар лозов насад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *