Во Тиквешијата започна бербата на винските сорти грозје

Со откинувањето на првите гроздови од сортата „Бургундец“, винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“ која е најголемиот производител на грозје во Македонија, и официјално ја стартуваше бербата на винското грозје од новата реколта.
Исклучително лошата година за лозарството, со долга и студена зима и променлива пролет која најпрво донесе екстремно високи, а потоа екстремно ниски температури, драстично ќе ги намали приносите на лозовите насади не само низ Тиквешијата, но и низ целата земја.
Сепак, и покрај лошата година, од винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“ велат дека вложените напори за заштита на виновата лоза вродиле со плод, па и годинава винаријата, но и нејзините соработници ќе прават вино од врвно грозје.
За разлика од винските сорти на грозје чија берба само што започна, во Тиквешијата во полн ек е бербата на трпезните сорти грозје. Кавадаречкото грозје освен на пазарите ширум земјата, може да се сретне и во најголемите маркети и продажни центри во Србија, Полска, Русија…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *