Тиквешките точакџии ќе дегустираат вино во ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“

Винотеката на винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“ ќе ги прими Тиквешките точакџии и ќе им понуди уникатна можност да дегустираат дел од специјалните едиции вина на винаријата.
Според најавите, Тиквешките точакџии кои во рамките на својата гроздоберска тура „Моклиште 2017“ најпрво ќе ја посетат винаријата која е лоцирана во кавадаречкото село Трстеник, а потоа ќе се упатат и кон винотеката на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ лоцирана на улица „Шишка“ бр. 2.
Стартот на турата е закажан за во 10 часот и 15 минути од градскиот плоштад, а ќе се вози околу Љубаш, потоа преку селото Манастирец и по регионалниот пат Кавадарци – Росоман. По посетата на винарската визба и винотеката на „Гоце Делчев – Тиквеш“,  точакџиите ќе се упатат кон црквата „Света Петка“ во Кавадарци каде за во 13 часот и 30 минути е закажан собир на сите велосипедисти од сите категории и возрасти, кои заеднички ќе продефилираат низ централното градско подрачје и ќе се упатат кон Ваташа и туристичкиот локалитет „Моклиште“ каде што ќе следи освежување за крај на турата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *