Среќен роденден на Боемот и неговата животна инспирација

Секој од нас си има свои, специјални денови, кои со црвено ги запишува во својот животен календар… Тој ден го очекуваме со мала доза на трема, стануваме порано од вообичаеното, чудесно наспани колку и да сме заглавиле претходната вечер, ги облекуваме најновите алишта и го отвараме најубавото вино со кое ќе си посакаме најискрени желби кои ги чуваме длабоко во нас.
За нас, за тимот на винотика.мк, кој секојдневно Ви сервира по неколку информации за неговото височество, виното е таков ден. Иако можеби никогаш нема да ја имаме неговата животната мудрост, умешноста во редењето на зборови и пренесувањето на емоции, сепак се надеваме дека овој текст, оваа роденденска честитка ќе ги задоволи критериумите на нашиот Боем. За да се биде на негово ниво е едноставно незамисливо, за да се свати неговото размислување треба да се биде пред времето, а за да се достигне сето тоа, потребно е да се застане времето. Секако, можеби и најважното, потребно е и жена која ќе биде покрај твоја вечна инспирација за се во животот, па и за сајтот кој многу и должи на нејзината истрајност и трпеливост, со која ќе делите се, па дури и Вашите родендени.
Душко и Весна Стефанови, среќен роденден од тимот и читателите на винотика.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *