Започна бербата на најраните сорти трпезно грозје во Тиквешко. Претседателката на националната Федерација на фармери, Васе Мојсовска информираше дека во моментов се берат сортите „прима“ и „ранка”, а за некој ден ќе стартува и бербата на „кармен” и „кардинал”.
Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари”, соопшти дека се работи на утврдување на количините грозје произведени оваа реколта, а се преговара и околу цените за винското грозје, чија берба следува во наредниот период.
Марика Ристиќ од неготинското село Тимјаник денеска ги набра првите количини десертно грозје „ранка бела” од својот лозов насад и ги продаде во Росоман за триесет денари по килограм. Рече дека очекувала повисока цена за своето производство.