Среќен роденден боему

На човекот кој токму во виното најде инспирација и имагинација да ја создаде винотика, и кој како искусен винар успеа да направи врвна купажа од различни личности, темпераменти, енергии и идеи, во чие буке секој кој го познава помалку или повеќе ќе го препознае неговото силно влијание,  да ја спакува во врвен амбалаж кој само го дополнува впечатокот при секое отворање на сајтот, денес му е роденден.

Душко Стефанов е надвор од секој шаблон на типичен новинар од било кое време, повеќе од медиумски работник, многу повеќе од градска урбана легенда, за некои боем кој пишува и ужива во виното, а за нас, оние кои најдобро го познаваме само човек каков што секој сака да биде.

А затоа што најдобрите работи во животот секогаш доаѓаат во пар, денес е роденден и на неговата поубава половина, чија трпеливост, толеранција и кулинарска способност се исто толку важен дел за винотика да биде она што е.
Среќен роденден Душко и Весна…
од луѓето кои се дел винотика, тука и горе на небото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *