Сарма за ручек во понеделник

Се зборува дека ова е оригиналниот рецепт за сарма на познатиот Стево Карапанџа. Без разлика дали е вистина или не, рецептот е одличен!

Состојки:

100 грама ориз;

1 главица кромид;

2 чешниња лук;

1 – 2 лажици ситно сецкана сланина;

1 кисела зелка;

околу 1,5 килограм мешано мелено месо (говедско и свинско);

2 лажици ситно сецкан магдонос;

1 јајце;

малку сол и бибер;

1 лажица сув зачин;

малку лута мелена пиперка;

суви ребра или колбаси;

1 лажица блага сува пиперка;

2 лажици концентрат од домати.

За запршка: 

малку масло;

1 поголема главица кромид;

1 чешне лук;

1 лажица црвен пипер.

Подготовка:

Проварете го оризот, а за тоа време на малку масло издинстајте го кромидот, а кога ќе зарумени, додајте го исецканиот лук, а доколку сакате и малку сланина исечена на коцки.

Месето ставете го длабок сад и додајте го исецканиот магдонос, проварениот ориз, јајцето, сол и бибер, потоа сувиот зачин и малку лута пиперка, а во сето тоа истурете го издинстаниот кромид и лук и мешајте додека смесата убаво не се соедини.

Потоа, подгответе ја киселата зелка, одвојте ги листовите, отстранете ги тврдите делови и добро измијте го, а потоа исечкајте го на тенки ленти. Листовите од зелка со лажица полнете ги со смесата и виткајте ги.

Процесот повторувајте го додека не го потрошите месото. Потоа во садот во кој ќе ја варите сармата, ставете ја сецканата зелка и на неа наредете ги сармите.

На врвот ставете ловоров лист, ребрата или некое друго суво месо, покријте го сето тоа со остатокот од исечената зелка, додајте и малку мелен пипер и концентратот од домати, а потоа полијте со вода за да се покријат сармите и се останато.

Варете ги сармите два до три часа и повремено доколку е потребно додавајте вода. Кога сармата ќе биде готово од наведените состојки направете запршка, така што на неколку капки масло ќе го пропржите кромидот, лукот и црвениот пипер, а кога ќе се соедини сто тоа, додадете го во течноста во која се вареше сармата.

Прелијте ја сармата, оставете ја уште малку да крчка и потоа вашето јадење ќе биде подготвено за конзумација.

Добар апетит!

превземено од – https://zenskimagazin.mk/