Во виното е вистината

  • Ако зборовите можеа да ја ублажат болката, никој немаше да се мачи да гмечи зрна од грозје. – Скот Линч
  • Вечната младост подразбира пиење многу вино. – Непознат автор
  • Вино! Бидејќи овие проблеми нема да се заборават сами од себе! – Тања Масе
  • Вино! Затоа што ниту една добра приказна не започнала со човек кој јадел салата. – Непознат автор
  • Виното ги прави сите нешта возможни. – Џорџ Р. Р. Мартин
  • Виното го прави човекот да греши дека зборовите се мисли.
  • Виното го претвора секој оброк во посебна прилика, ја прави секоја маса поелегантна и секој ден поцивилизиран. – Андре Симон
  • Виното е едно од најцивилизираните нешта во светот. – Ернест Хемингвеј
  • Виното е како самолеплива лента. Може да поправи сѐ. – Непознат автор
  • Виното е најздравиот и најхигиенскиот пијалак. – Луј Пастер
  • Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да нѐ гледа среќни. – Бенџамин Френклин
  • Зборувајте ми за одлични места за пиење и запознавање жени. – Џерод Кинц
  • Дај ми вино за да ми ги измие чисти временските дамки на грижи. – Ралф Волдо Емерсон
  • Дозволете да имаме вино и жени, радост и смеа, проповеди и сода вода ден потоа. Лорд Бајрон
  • Животот е премногу краток за да се пие евтино вино. Клиф Хаким
  • Или дајте ми уште вино, или оставете ме на мир. – Руми
  • Јас готвам со вино, а некогаш дури и го додавам во храната. – В. Ц. Филдс
  • Јас сум како добро вино. Станувам подобра како што стареам. Најдоброто допрва доаѓа. – Ришел Мид
  • Кога животот ќе ви даде лимони, продајте ги за да купите вино. – Непознат автор
  • Мојата љубов е како празно шише вино. Ако се прашувате, мојата поранешна жена го испи цело. – Џерод Кинц
  • Најмногу сакам да го пијам виното што им припаѓа на другите. – Диоген
  • Неговите усни пијат вода, но неговото срце пие вино. – Е. Е. Камингс
  • Пивнете малку вино и смејте се многу. – Непознат автор
  • Пивото е направено од човек, виното од Господ. – Мартин Лутер
  • Првиот бакнеж и првата чаша вино се најдобри. – Марти Рубин
  • Прифатете го тоа што ви го нуди животот и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина мора да се пробаат. Од некои само една голтка, од други цело шише. – Паоло Коелјо
  • Секако дека вашиот принц ќе дојде, но за секој случај, имајте си вино и чоколадо. – Непознат автор
  • Сите грижи се помали со вино. Амит Калантри
  • Среќата не се купува со пари, но виното може да се купи, а тоа е горе-долу истата работа. – Непознат автор
  • Те молам, не се вљубувај во мене, зашто сум погрешен од заветите направени со вино. Шекспир
  • Човекот секогаш треба да биде пијан. Тоа е најважно. Но, од што? Од вино, од поезија, од доблести, изборот е ваш. Но, бидете пијани. – Шарл Бодлер
  • Шишето вино моли да биде споделено. Никогаш не сум сретнал алчен љубител на вино. – Клифтон Федимен