Кое јадење со кој тип на вино се „бакнува“

СО РИБА

Наједноставен совет – белите вина се „бакнуваат“ со бела риба, за црвена риба (или сина) најмногу одговараат црвените вина. Рибата подготвена на путер или печена во рерна одлично одговара со вино кое може да се носи со мрснотиите, а тоа значи младо и свежо вино. Во јадењата со кремасти сосови повеќе ќе уживате со суво и моќно вино. Доколку пак, се одлучите за риба на скара со неа најдобро се „бакнуваат“ префинети и елегантни суви млади вина.

vino 3

СО СИРЕЊЕ

Познато е дека во нашата традиционална кујна сирењата се послужуваат за предјадење. Одлично одат со вино, но не секое сирење се „бакнува“ со секаков тип на вино. Со старо овчо сирење оди моќно зрело црно вино. Со младите сирења одат млади бели и црвени лесни вина.

vino 2

СО КОЛАЧИ

Мислевте дека со колачите не оди вино? И тоа како добро одат во пар! Наједноставното правило овде гласи – колку се колачите послатки, толку, па дури и повеќе, виното мора да биде послатко. Единствен исклучок се колачињата подготвени со ликер, ананас или банани кои не сакаат вино. Тие си одат со ликер.

Ј.К

превземено од – www.makmoda.com