Чоколадна торта со јагоди

Состојки

3 јајца

300гр. шеќер

100мл. зејтин

300гр. брашно

200гр. кисело млеко

100мл. млеко(за поливање на пандишпанот)

млеко

50гр. чоколадо во прав

1 лажица какао

џем од јагоди

650гр. јагоди

4 лажици шеќер

сок од 1 портокал

1 лажица ванила

кора од лимон

100гр. темно чоколадо

200мл. слатка павлака

100мл. млеко (за поливање на пандишпанот)

свежи јагоди и друго ситно овошје за декорација

чоколадо за декорација

сол

Начин на Приготвување

1За пандишпанот пенесто изматете ги јајцата со шеќерот додека се добие светла густа смеса.

2Во друг сад просејте ги сите суви состојки.

3Постепено во садот за матење додадете го зејтинот па киселото млеко.

4Потоа постепено додавајте ги сите суви состојки (матете со најмала брзина).

5Калап со бр.26 обложете го со хартија за печење и претурете ја смесата.

6Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С, а кога ќе ставите намалете на 180С.

7Печете додека чепкалката не излезе сува. (Доколку се крене во средината благо со рака потиснете го да се израмни).

8Кога ќе се испече оставете убаво да се излади.

9Шеќерот ставете го во тава на оган и направете карамел.

10Од јагодите одвојте 1 мала чашка, а останатите додадете ги во карамелот.

11Кога убаво ќе се растопи карамелот додадете го сокот од портокал и зачините (освен кората од лимон).

12Мешајте додека се згусне.

13Пред крај додадете ги и одвоените јагоди и кората од лимон, внимателно промешајте и тргнете на страна да се излади.

14Чоколадото и слатката павлака ставете ги ви сад на пареа и мешајте додека чоколадото се растопи.

15За да нема многу чекање да се излади кремот, ставeтe во сад за матење и почнeтe увам со најмала брзина да матeтe .

16Како што се лади ја зголемувам брзината и постепено кремот почнува да се згуснува.

17Оладеното тесто избоцкајте го со вилушка и прелијте го со млекото.

18Од горе распоредете го млакиот џем и оставете 30 мин. до 1 час, убаво да се стегне.

19Потоа извадете ја од калапот и целата премачкајте ја со чоколадниот крем.

20Украсете со јагоди и чоколадо или нешто по желба.

21Повторно вратете во фрижидер и оставете малку да oдстои за убаво да се спојат вкусовите