Состојки:
- 2 јајца
- 175 гр шеќер
- 225 гр брашно
- 25 гр пченкарно брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- рендана кора од 1 лимон
- 5 лажици млеко
- 130 гр суво грозје
- 85 гр маргарин
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 180 степени. Грозјето измијте го.
- Разматете јајца и шеќер, додајте маргарин, па кога масата ќе се изедначи додавајте ги и останатите состојки, постепено, по ред. На крај измешајте и грозје.
- Ставете хартиени корпички во калапи за мафини и ставете од смесата до половина од калапите. Печете 25 минути.
Уживајте!