Идеален избор за вечера

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • пулпа од домати (количина по вкус)
  • прстофат кафеав шеќер
  • 4 јајца
  • јогурт
  • 2 чешниња сечкан лук
  • зачини по желба
  • малку магдонос
  • половина главица ситно сечкан кромид
  • сечкана црвена пиперка
  • лути пиперчиња

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото во тава за пржење. Измешајте ги кромидот, црвената пиперка и лутите пиперчиња. Гответе додека зеленчукот не омекне. Додајте ги пулпата од домати и кафеавиот шеќер и мешајте постојано. Гответе додека не испари течноста.

Со дрвена лажица направете четири дупки во подготвената смеса и скршете ги јајцата во нив. Покријте ја тавата и пржете ги јајцата на тивок оган.

Измешајте го јогуртот со лукот и со зачините. Посипете со магдонос и сервирајте од тавата, заедно со гарнир од јогурт и лук, украсено со лути пиперчиња.