Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ). Ве информира дека во рамки на проектот BalkanRoad na 26.09.2019 во Хотел Унипалас во Кавадарци ќе се одржи Работилници на националните чинители на проектот. Во рамките на оваа работилница ќе бидат презентирани досегашните активности на проектот, примерите на добри земјоделски практики, Европските и национални агро-еколошки политики како и улогата на државата во заштита на околината.
Поканети се сите физички и правни лица кои се занимаваат со органско производство, фармери/земјоделци кои имаат интерес да започнат со органско производство, обучувачи/надзорни тела за органско производство, факултети и стручни школи кои имаат активности во областа на земјоделството, претставници на локалните самоуправи и други заинтересирани страни.
Пријавувањето може да се изврши на balkanroad@fpopm.com со пополнување на следните информации:
- име и презиме
- занимање
- причина за учество
За повеќе детали ве молиме контактирајте го: Гоце Џуровски – менаџер за комуникација со проектот Balkanroad или на web порталот www.fpopm.com
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата “Balkan-Mediteranean 2014-2020”