Имате ли???

Во каква чаша се служи бело вино? Во каква црвено? На која температура се служи виното? Кое јадење со какво вино се служи? Овие се вински прашања…
…на кои најчесто баш и не знаеме да дадеме одговор.

За среќа, тука на помош доаѓа Винаријата Тиквеш која ни нуди совети за како вистински да уживаме во виното преку серија на супер забавни кратки и интерактивни видеа објавени на нивната Фејсбук страница.

Во секое од видеата се поставува прашање и има повеќе понудени одговори од кои само еден е точен. На вас останува да го погодите точниот одговор, а така истовремено да се забавувате и научите како повеќе да уживате во виното. Во овој момент е достапно самото првото видео, а останатите ќе треба да ги причекаме во следните недели.

Искрено нè радува фактот што имаме можност и кај нас конечно за прв пат да видиме вакви креативни и интерактивни видеа.

Видеата можете да ги погледнете тука:
https://www.facebook.com/TikvesWinery/app_322557614485543

 

Статијата е позајмена од crnobelo.com