Љубителите на вино секогаш сакаат да дознаат нешто повеќе околу производството, бербата и комбинацијата на вкусови, како да го комбинираат со оброк и во каква чаша да го послужат. Сомелиер (или сомелие) е експерт за вино кој често е ангажиран во ексклузивни ресторани за да ги советува гостите за изборот, но и професионално да го изведе послужувањето на виното.
Пиењето вино може да биде вистинска уметност и врвно доживување доколку правилно се однесуваме кон оваа течност, а секој чекор од консумирањето си има свои ред и правила:
1. Правилен метод на дегустација
Постојат пет важни чекори при дегустација на виното и тоа:
- Гледање: Се набљудува бојата со држење на чашата под агол од 45 степени.
- Промешување: Со кружни движења придонесуваме да се ослободат аромите во воздухот.
- Мирисање: Доколку сериозно сакате да дегустирате вино, треба најпрво да го почувствувате мирисот, со кој ќе можете да предвидите каков вкус ќе почувствувате подоцна.
- Голтка: Испијте мала голтка и почувствувајте кои од аромите ги има и во вкусот. Некогаш може да се изненадите кога ниту еден од мирисите не е присутен во вкусот.
- Плукнете или голтнете: Плукањето во посебен сад го има кај снобовите и во филмовите. Во пракса, никој не плука добро вино.
2. Истите правила важат и за пенливите вина
Петте чекори за дегустација се применливи и кај пенливите вина како што се шампањ и просеко.
3. Првата голтка треба да ја жабуркате во устата
Кога пробувате ново вино, најдобро е првата голтка да ја извртите низ целата уста, како течност за одржување орална хигиена. На овој начин ја подготвувате усната шуплина за целиот спектар на вкусови кои доаѓаат веднаш по пиењето на втората голтка.
Веста е позајмена од порталот kafepauza.mk