Вино во сина боја

Шпанската компанија Gik неодамна лансираше ново вино, какво што досега немало на пазарот – вино со сина боја, наменето за млади луѓе. Ова лесно вино, има прекрасна азурно сина боја. 

Виното е комбинација од бели и црвени сорти на вина, со потекло од Мадрид. Сината боја во него доаѓа од пигмент од лушпа на грозје и од органска индиго боја.

Ова сино вино, сега засега е достапно на пазарот во Шпанија, Велика Британија, Франција, Германија и Холандија.ж

Би пиеле ли вие вакво вино?