Во винската приказна на винаријата „Бади“ е забележано органското производство. Станува збор за фамилијарна винарија со вина произведени од чисти лозови насади, со грозје без пестициди. “Ако веќе останувам во Македонија, единствено што јас можам да го работам со љубов, како бизнис е работата со вино . Ова ни е прва година и немаме некоја голема колилина, 5 т годишно производство и се надеваме дека ќе биде во најдобар ред“, вели сопственикот Блаже Миневски.
Велат љубовта и виното одат заедно. Винаријата „Ерос“ го добила името по името на грчкиот бог на љубовта Ерос. Не комерцијални вина е карактериситката што ги прави да бидат поразлични од другите, вели Сашко Андов.