Во Демир Капија ќе се бира најдобар закројувач

Демир Капија ќе бира најдобар закројувач на винова лоза, како и најдобри домашни вино и ракија. Како што информираа денеска од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа, натпреварите се во рамките на традиционалната манифестација „Недела на традицијата Свети Трифун 2016”.

„Настанот е во организација на демиркаписката општина и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ. Ќе се одржи во чест на верскиот празник и светецот кој се смета за заштитник на лозарите, а се слави на 14 февруари. Закројувачите на винова лоза ќе си ги одмерат силите ден пред Свети Трифун, кога и ќе се изберат најквалитетните вино и ракија, од претходно земени мостри од производителите натпреварувачи“ – соопштија од службата за информирање при општината.

Наградите за најдобрите ќе бидат доделени на централната манифестација, која вообичаено е посетена од голем број домашни и странски гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *