Спарк 2010 е првото пенливо вино на винаријата Камник

Спарк е пенливо бело вино кое е добиено 100% од сортата Шардоне, од сопствените насади на винаријата Камник.
Виното се одликува со нежна сламеста боја и комплексност која се открива во раскошот на нежните меурчиња. Станува збор за брут, суво пенливо вино, добиен со традиционален метод на четиригодишно созревање во шише со што се создава моќно и созреано буке со путерна арома и впечатливи овошно-зачински ноти.
Вкусот е елегантен и кремаст, со бисквитни тонови, избалансиран со овошни ноти и минерални поттонови надополнети со цитрусна свежина, со што се овозможува долготраен послевкус.

Специјално за ова вино е изработена и амбалажа, брендирана луксузна кутија Спарк со магнетно затварање.

Image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *