Чоколадо и вино… совршен пар, особено кога се консумираат заедно, зарем не? Има и такви кои не мислат така, но повеќето сметаат дека комбинацијата на вино и чоколадо го зголемува задоволството и придонесува да се чувствувате опуштено и извонредно.
Започнете го ова слатко искуство со експериментирање. Набавете неколку видови вино и неколку видови чоколади и почнете со магичниот експеримент
Она што треба да го знаете пред да започнете со пробувањето:
Секогаш почнете со полесните и посветлите вкусови и постепено прилагодувајте го вкусот за потемни и потешки комбинации.
Најважно е да знаете дека колку е послатко чоколадото толку и виното треба да е послатко, а колку е полесно виното толку и чоколадото треба да е полесно.
Тешките црвени вина се најдобри со темни и горки чоколади (оние за готвење), а светлиот ризлинг или десертните вина се најдобри во комбинација со слатки млечни чоколади.
Пробајте ги сите можни комбинации и ќе го најдете вкусот што најмногу ви се допаѓа. Празниците кои доаѓаат се одлична прилика.
Ви гарантираме слатко, убаво задоволство. На здравје!!!