Зголемување на извозот на вино во шишиња е една од основните цели кон кои се стремат винарските визби во земјава. На тој начин се создава еден препознатлив бренд на македонско вино со врвен квалитет. Така од година во година од земјава на европските и светските пазари се зголемува процентот на извозот на вино во шишиња, а се намалува процентот на извоз на наливното вино.Лидер ви ги пренесува последните податоци за извоз добиени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според официјалната статсистика, извозот на вино на светските пазари во 2015 година изнесува 586.046 хектолитри, со вкупна вредност од 38.183.172 евра.
2015 година
Извоз на вино во шишиња 199.044 вредност 19.878.237
Извоз на наливно вино 387.002 вредност 18.304.935
Извозот на вино во 2015 е помал во однос на 2014 година. Тоа, според надлежните институции, внарските визби и лозарите резултатат на двојно намалениот род во 2014 година( поради лошите временски услови) кои се одразија лошо во лозарството и винарството. Годинава пак во однос на 2015 се очекува многу поголем извоз како резултат на поголемиот откуп на грозјето од страна на винарските визби.
“Во однос на 2014 година, во 2015 година,количините се повеќе од двојно зголемени. Во 2014 -та имавма катастрофални резултати кои се одразија на и на количините на родот. Во однос на тоа 2013 имавме близу 220 илјади тони, а во 2014 -та имавме 82 илјади тони , а во 2015 -та очекуваме 180 илјади тони. Родот е далеку подобар од 2014, а и квалитетот беше подобар“ изјави за Лидер Љупчо Аризанов, претседател на Регионален сојуз Агротиквешија.
Европска Унија, бившите ЈУ простори, САД, Јапонија, Канада, Швајцарија , КИна, се дел од земјите каде винарските визни имаат реализирано извоз на македонско вино.
Во 2015 година,од страна на винарските визби откупот на црвено и бело грозје изнесувал 150.830.704 килограми,сопственена берба изнесувала 18.348.635 килограни или вкупно 169.179.339 килограми.
Во 2014 -та година пак откупот од страна на винарските визби изнесувал 82.480.914 килогранми, 15.719.901 сопствена берба, или вкупно 98.200.815 килограми
една од најголемите винарски визни на Балканот, винарската визба Тиквеш, минатата година реализирала откуп од 21.899.316 килограми. „Тиквеш” останува на стратегиската опредлеба – континуирано инвестирање во производството, подобрување на квалитетот и промоција на македонското вино во светот.Како што информира генералниот директор Игор Илиевски на средба со новинарите, компанијата продолжува да вложува со несмалено темпо, а фокусот и натаму е што поголем обем на продажба пред се на странските пазари како единствен начин за долгорочна одржливост и раст на бизнисот. Изминатите десетина години, нагласи Илиевски, „Тиквеш“ вложи преку 30 милиони евра во осовременување на капацитетите и подигање на квалитетот воопшто – опрема, технологија, лозови насади, знаење, човечки ресурси. Процесот беше заокружен со ланската инвестиција во врвни вина од околу два милиона евра.
– Заокружувањето на целиот процес за производство на премиум вина е околу два милиона евра. За оваа година првично се планирани 700 илјади евра, од кои делумно за дозавршување на тоа произвдоство, а делумно на инвестирање во лозови насади, едукација на човечки ресурси, доосовременување на технологии и користење обновливи извори на енергија, рече директорот.
Според Илиевски , поднебјето нуди одлични услови за одгледување винова лоза и правење врвно вино, а тоа може да се материјализира единствено преку континуирано инвестирање во производството, унапредување на технологијата и човечките ресурси.
– Промоцијата на македонското вино во светот останува наша клучна стратегиска определба зашто само така можеме да направиме исчекор на светската сцена и како компанија и како Македонија. Македонското вино е стратегиски производ, веруваме дека со него земјава може да биде препознаена во светски рамки. За тоа имаме потврди од релевантни странски познавачи на виното, посочи Илиевски.
Со цел поголем развој на лозарството и винарството во земјава, во изминатите години се зголемува поддршката од страна на државата. Лозарите од Програмата за финансиска поддршка добиваат субвенциии за предадено грозје во винарските визби, потоа од Програмата за рурален развој на располагање им стојат неколку мерки, како субвенции за подигање нови лозови насади. Поддршка се дава и во делот на промоција на македонското вино преку Програмата за финансиска поддршка на маркетингот на земјоделски производи. Основна цел на оваа програма е финансиски да се поддржи пласманот на македонски квалитетни производи на надворешни пазари и тоа преку покривање на дел од трошоците за амбалажа на преработени земјоделски производи наменети за извоз. Со давањето на поддршка за амбалажирање се влијае на зголемување на квалитетот на земјоделските производи, и тоа преку зголемување на додадената вредност на производот и постигнување на повисоки пазарни цени на странските пазари, што ќе обезбеди позитивни ефекти за приходот на компаниите, но и за девизниот прилив за земјата.