600 г телешки шницли
1 лажица зачинал
30 г брашно тип 500
масло
100 г мелени бадеми
50 мл вода
малку цимет
50 мл црно вино
100 мл павлака за готвење
Приготвување: телешките шницли исчукајте ги, посипете ги со зачиналот, а потоа една страна испрпелкајте ја во брашното. Шницлите пржете ги од секоја страна 3-4 минути во загреано масло, но прво страната со брашното. Продолжете да ги динстате во отворено тавче околу 15 минути, со повремено додавање на вода. Динстаните шницли извадете ги, ставете ги на топло место, а во истата маснотија кратко пропржете ги мелените бадеми. Сипајте во нив малку вода и проварете ги. Шницлите вратете ги во тавчето, додадете ги циметот, виното, павлаката и сето тоа варете го уште 2 минути