Како да го одберете вистинското вино

Една од најважните работи која треба да ја запаметите во врска со виното е дека не мора да бидете стручњак за да уживате во него. Доволно е да го следите сопствениот вкус и да уживате во мирисот и вкусот на виното, а не да го „џапате“ на екс. Секако, постојат некои основни правила за совршена комбинација на виното со храната.
Бело вино со бело месо, црвено вино со црвено месо

Доколку послужувате јадење со пилешко месо, тогаш погрижете се да имате квалитетно бело вино. Ако пак служите свинско или телешко, тогаш отворете шише црвено вино. Иако ова правило не ги покрива сите сорти и варијации на вино кои постојат, сепак е основа за добар избор.
Лесна храна – лесно вино

Ако на менито имате само салата, не пијте тешко црно вино, бидејќи салата едноставно ќе се „изгуби“ во виното. Ако пак, јадете храна полна со протеини, како тешко месо или шпагети со болоњезе, тогаш не се препорачува бело вино, ни црно послабо. Земете малку потешко црвено вино кое ќе ви помогне во варењето на тешката храна.
Спој на регионите

Ако имате можност да си допуштите, тогаш изберете вино кое доаѓа од исто поднебје како и храната. На пример, ако јадете пица, пробајте некое италијанско вино.
Егозотична храна и неегзотично вино

Ако јадете зачинета храна за вечера, како на пример индиската, не нарачувајте Cabernet Sauvignon, бидејќи топлината на алкохолот ќе ги појача вкусот на зачините кои ги јадете. Наместо тоа, со егзотична зачинета храна пијте вино кое е позасладено. Ако ништо друго, јазикот ваш ќе ви биде благодарен, а вие ќе може да уживате во вкусот на храната.
Виното секогаш треба да е послатко од храната

Колку е храната послатка, толку потешко ќе го чувствувате вкусот на виното. Темното чоколадо кое се користи за готвење оди добро со слатко вино. Од друга страна, благото чоколадо влијае на непцето и виното ќе остави горчлив вкус.
Ако оди со грозје, оди и со вино

Виното послужено со сирење е секогаш добра комбинација за закуска. Но, постојат различни видови на сирење, од кои не сите одговараат со одредено вино. Затоа, ако знаете дека одредени видови на сирење добро одат со свежо грозје, тогаш можете да заклучите дека ќе одат добро и со вино кое има силна овошна нота.
Ако сте колебливи, одберете розе

Ако не сте љубители на белото вино и го преферирате црното, тогаш направете компромис за јадењата кои бараат бело и одберете розе вино. Шпанската кујна, како и сушито одлично се согласуваат со розе вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *