Истражувањето спроведено меѓу жени открило дека една или две чаши вино во текот на денот може да придонесат за значително подобар и повозбудлив живот во спалната соба. Истражувачите испитале 800 жени на возраст од 18 до 50 години за нивното сексуално задоволство.
Служејќи се со „индексот за сексуална функција“ кој го користат лекарите за процена на женското сексуално здравје, откриле дека жените кои пијат вино имаат значително подобри резултати од оние кои го избегнувале алкохолот.
Крајниот резултат се одредува врз основа на неколку фактори како што се сексуалното возбудување, оргазмот, задоволството и болката.
Жените кои пиеле 2 чаши вино дневно оствариле просечен резултат од 27.3 поени во споредба со оние кои пиеле само една чаша вино со 25.9 поени. Оние кои не консумирале алкохол имале 24.4 поени.
„Врската меѓу виното и женската сексуалност е позната уште од времето на античка Грција, а ова истражување го потврди истото“ – изјавил водачот на истражувањето др. Никола Мондовани.