Француското шампанско руши рекорди

Продажбата на француско шампанско лани достигна 4,75 милијарди евра, што се припишува на прекумерната побарувачка за прочуените француски пенливи вина, покажуваат најновите податоци на здружението на француски производители.

Во однос на 2014 година, бројката е зголемена за 5,5 отсто, а вкупно лани биле испорачани 312,5 милиони шишиња, што е за 1,7 отсто повеќе во однос на претходната година. Па сепак, рекордна година по бројот на продадени шишиња останува 2007, со вкупно 339 милиони продадени шишиња, но вкупната вредност тогаш достигна 4,56 милијарди евра.
Продажбата во државите кои не се членки на ЕУ лани порасна за 4,8 отсто, на рекордни 70,5 милиони шишиња, а просечната цена по шише е зголемена поради растот на трошоците за транспорт, велат од здружението.
„Далечните пазари се подготвени да платат вистинска цена за производот, кој по нивно мислење го симболизира францускиот стил на живот“, велат од здружението Comite Inteprofessionnel du Vin de Champagne

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *